Sony World Photography Awards награди фотографија создадена од AI, по грешка

Уметноста постојано се менува. Уште од првите слики направени во пештерите, уметниците постојано експериментираат со различни техники и методи. Фотографијата е значително помлад дел од уметноста, но и таа од своето официјално појавување во 19-ти век постојано се трансформира. Од првите фотографски апарати, до најсовремените дигитални камери и паметни телефони, но и куп различни техники постојано ја менуваат фотографијата. Во моментов е актуелно прашањето „Што ако фотографијата е креирана од вештачка интелигенција?“.

Најстара фотографија во севетот – „Поглед од прозорец во Ле Грас“ (лево оригинал, десно колоризиран)
By Jonnychiwa – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=88887615

Борис Елдагсен (Boris Eldagsen) од Германија се занимава со фотографија повеќе од 30 години. Оваа година тој е (или барем беше) добитник на првата награда во „Creative“ категоријата на Sony World Photography Awards. Sony World Photography Awards е еден од најзначајните натпревари за фотографија. Настанот го организира World Photography Organization, а го спонзорира Sony.

Наградената фотографија „PSEUDOMNESIA: The Electrician“ прикажува портрет на две жени изработени со фотографски процес кој се користел пред многу години, кога модерната фотографија започнувала, пренесе Petapixel. „PSEUDOMNESIA“ е латински збор кој значи лажна меморија или сеќавања на настани кои никогаш не се случиле.

The Electrician

Сепак, по објавувањето на победниците Елдагсен ја одби наградата и откри дека не станува збор за никаква фотографија, туку за слика која во целост е генерирана од вештачка интелигенција.

„Ви благодарам што ја одбравте мојата слика и што го овозможивте овој историски момент, ова е прва слика генерирана од вештачка интелигенција која освоила престижна меѓународна награда за ФОТОГРАФИЈА. Колкумина од вас се сомневаа дека е генерирана од вештачка интелигенција? Нешто тука не е во ред, нели? Сликите генерирани од вештачка интелигенција и фотографиите не треба да се натпреваруваат во иста категорија за награди како оваа. Станува збор за сосем различни ентитети. Вештачката интелигенција не е фотографија. Поради ова не ја прифаќам наградата“, вели Елдагсен во објава на Instagram.

Фотографот откри дека се пријавил од забава, но и да открие дали натпреварите се подготвени за вештачка интелигенција. Се надева дека ова ќе отвори дебата во светот на фотографијата за тоа што може да биде сметано како фотографија и дали „чадорот“ на фотографија е доволно голем за да има простор за генерирани слики или ова ќе биде грешка.

Претставниците на World Photography Organization објавија дека знаеле дека вештачка интелигенција била користена за сликата, но во описот стоело „ко-креатор“, а не целосен автор, со што биле изманипулирани. Комисијата смета дека има простор за различни експериментални техники за кои може да се користи вештачката интелигенција. Нивниот првичен став бил дека сликата ги исполнувала условите за „Креативната“-награда и го поддржале неговото учество. По објавата го суспендирале неговото учество и ја повлекле неговата слика од веб-страницата, што е во согласност со неговите желби. Претставниците на организација сепак разбираат колку е важна поентата која сакал да ја направи Елдагсен. Ова е исклучително важно прашање кое е отворено. Колку и да е важна можноста за експериментирање, сепак ова е платформа која е наменета да ги промовира извонредноста и вештините на фотографите и уметниците.  

Користењето на вештачка интелигенција во уметноста ќе отвори нови интересни можности за експериментирање и изразување, поместувајќи ги границите на сѐ што може да биде видено и фотографирано. Од друга страна ова во целост ќе го оневозможи препознавање на границите помеѓу реалноста и фикцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments