COLLABORATE By Sariska е нова екстензија за прелистувачот Chrome, замилена да ви дозволи на вас и вашите колеги, односно пријатели во реално време и заедно да прелистувате и да соработувате на кој било веб сајт. Преку високо квалитетни аудио и видео повици, заеднички го гледате и контролирате сајтот и секој од вас има посебен курсор за да може да покажувате, скролувате и кликнувате низ сајтот.
COLLABORATE By Sariska ви помога за најразлични активности, почнувајќи со заеднички шопинг, движејќи се кон правење планови за патување во групи, па се до заедничка онлајн соработка на одреден веб сајт. Алатката знае да биде особено корисна и при онлајн образование затоа што дозволува секој ученик да има засебен курсор кој го користи при изведување интерактивни активности.
За да можете да го користите Collaborate потребно е првин да ја инсталирате екстензијата, а потоа да создадете име на соба и корисничко име. По давање дозволи за употреба на микрофон и камера, можете да започнете сесија. Секој што ќе го добие името на собата инстантно може да започне во заедничко истражување и дискусија за сајтот.
COLLABORATE By Sariska ја избегнува стандардната процедура со споделување екрани така што веднаш ве вовлекува во споделен екран, а дава огромна контрола на сите инволвирани затоа што инстантно се дава глас и контрола на оној што сака да каже нешто или да покаже. Доколку сте имале потреба од вакво нешто, тогаш проверете ја погодноста на екстензијата тука!