The Witcher 3 беше прогласена за една од најдобрите RPG (Role-playing game) игри годинава од највидните гејминг сајтови, а истото беше кажано и за двете последователни проширувања, насловени како Hearts of Stone и Blood of Wine.
Развивачите најавија комплетна верзија, која покрај играта и споменатите проширувања, ќе ги содржи и сите мини додатоци во форма на костими, изгледи, карти и слично. Она на што ние особено се радуваме е и можноста за додатно пеглање од техничка гледна точка кое ќе допринесе за пофлуидно искуство.
Комплетната верзија ќе излезе на 30 август, а CD Projekt RED предупредуваат дека оваа верзија е првенствено наменета за играчите кои сѐ уште не навлегле во универзумот на Гералд и дека save фајловите од стандардната игра нема да бидат компатибилни со идната, комплетна верзија, дури и да ги имате сите додатоци за неа.
“Save фајловите на конзолите нема да бидат компатибилни помеѓу различните верзии на играта, затоа што се третираат како различни продукти, “објаснуваат од CD Projekt RED и додават дека тоа не е нешто на што можат да влијаат.
Ова може да биде проблематично за оние играчи кои имаат вложено стотици часови во играта и се надеваат дека би можеле да продолжат онаму каде што претходно застанале.
The Witcher 3, во комбинација со двете проширувања, знае да понуди не само квалитетно, туку и исклучително долго искуство. Само за споредба, основната игра ќе ви одземе од 50-100 часа, првото проширување – десеттина часа, а второто над дваесеттина. Соберете го сето тоа и ќе дојдете до импресивна бројка.
Играта е достапна за платформите: PlayStation 4, Xbox One и Microsoft Windows.