Pebble, паметниот часовник кој излезе од Kickstarter, не само што е еден од првите паметни часовници, туку долго време успешно и се спротивставува на помоќната конкуренција со иновативни продукти. Креаторите на Pebble постојано го подобруваат часовникот, и за разлика од другите паметни часовници кои се обидуваат да прават куп работи, Pebble е фокусиран на неколку работи што ги прави исклучително добро.
Сега креаторите на паметниот часовник се подготвени за нов производ кој нема биде часовник. Pebble Core е малечок преносен компјутер кој доаѓа со Android 5.0 и ќе функционира како фитнес додаток. Се чини дека основната функционалност на Pebble Core освен фитнес монитор е музички плеер, но уредот ќе овозможува и куп други можности како повикување на Uber или испраќање на текст порака, во зависност од тоа како корисникот ќе го програмира помошното копче. Core доаѓа со Bluetooth, Wi-Fi, 3G-модем, 4GB слободен простор, GPS и батерија која овозможува 9 часовно следење на локација и слушање на музика.
Освен Core производителот најавува два нови часовници, поточно надградби на досегашните Pebble и Pebble Time. Часовниците овозможуваат промена на фунукционалноста на дополнителното копче на Core. Новите часовници не само што се покорисни, туку се и поубави, вели Wired. Часовниците се поскромни од конкурентите, доаѓаат со e-paper екран и вграден монитор за работата на срцето. Ова можеби е потполно разбирливо со оглед на тоа дека Pebble е наменет да биде паметен часовник за секој.
Pebble Core и новите часовници се дел од нова Kickstarter кампања. За неколку дена кампањата собра 5,6 милиони долари од над 30.100 поддржувачи. Core во продавниците ќе чини 100 долари, а засега е достапен за 70 долари. Кампањата завршува за 35 дена, а првите уреди ќе започнат да се испорачуваат во јануари 2017 година.