Заборавете на приватноста, веб сајтови ги продаваат нашите податоци

Универзитетот Стенфорд објави студија во која се наведува дека голем број од популарните веб сајтови ги откриваат личните податоци на своите корисници, како што се кориснички имиња и мејлови. Од оваа студија може да се заклучи дека нашето онлајн присуство и не е толку приватно како што сметаме дека е, и како што треба да биде.

Повеќе од половина од 185 популарни веб сајтови кои имаа огромен број на посети имаат споделено корисничко име или идентификација на свои корисници со други веб сајтови. Овие податоци најмногу биле споделени со Facebooк, Google, comScore и Quantcast. На неколку наврати во студијата стои дека споделувањето на личните информации ги прекршува правилата за приватност, според кои веб сајтовите ветуваат дека нема да споделуваат личните податоци со трети странки. Еден пример во студијата е веб сајтот на NBC, кој откако ќе го посетите, вашата имејл адреса ја праќа на седум компании!

Студијата беше претставена на конференција за приватност, на која претседател на американската Федерална агенција за заштита на потрошувачи, Џон Либовиц, изјави дека оваa студија ќе и помогне на агенцијата да ја заштити онлајн приватноста на потрошувачите и ги спореди компаниите кои ги користат личните податоци на потрошувачите за таргетиран маркетинг со папараци кои го  следат секој чекор на славните личности. Овие компании тој ги вика сајбераци бидејќи го следат секој чекор кои потрошувачите го прават на Веб.

Според г. Либовиц, потребен е систем кој ќе им овозможи на потрошувачите да одберат дали нивното онлајн присуство ќе биде следено или не. Со оваа опција компаниите ќе бидат ограничени во тоа колку информации можат да соберат од потрошувачите. Потрошувачите треба да можат да одберат дали нивните податоци можат да се собираат и како тие податоци би биле искористени. Тој ги пофали Microsoft, Mozilla, и Apple, што во своите прелистувачи имаат вклучено ваква опција, и се надева дека наскоро и Google ќе го стори истото.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Dimitar Poposki
Dimitar Poposki
14 years ago

Ова би била првата студија од АТ&T според која е добиена горенаведената студија…"Privacy leakage vs. Protection measures: the growing disconnect"