Google+ e патетична реакција на одминати нешта, вели инжинер од Google

Висок инжинер во Google, Стив Јеге, на својот Google+ по грешка има споделено огромен текст во кој го критикува Google и начинот на кој овој технолошки гигант му има пристапено на Google+. Во овој текст Јеге ја критикува работната околина во Amazon, меѓутоа голем дел од текстот е посветен и на тоа дека Google не ги разбира платформите, и дека за разлика од компаниите како Facebook, Microsoft, Apple и Amazon, Google не мисли на долги стази.

Јеге во текстот вели дека Google+ е чист пример за неуспехот на Google да ги разбере платформите од највисоките нивоа на водство па сè до најобичните работници. Никој во Google не ги разбира. Според него Google+ е патетична реакција на веќе поминати работи. Пример за ова, според него, е немањето API кога Google+ беше пуштен во јавноста. Со ова тој сака да нагласи дека Google требале многу подобро да го осмислат крајниот производ, и кога ќе биде целосно готов тогаш да го пуштат.

Потоа продолжува велејќи дека Facebook е успешен бидејќи има изградено плејада на производи кои се направени од други луѓе, а не бидејќи, како што сметаат од Google, дека е успешен бидејќи имаа изградено успешен производ.

Оваа изјава е прилично интересна со оглед на тоа што компанијата за аналитика, Chitika, неодамна излезе со извештај во кој стои дека откако Google+ ги отвори вратите за сите корисници бројот на посети има опаднато за дури 60 отсто. Во првите неколку денови откако Google+ стана достапен за сите, бројот на посети имал раст од 1,200 отсто, за веднаш потоа да падне на 60 отсто, и со тоа да се врати во нормала.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments