За создавање на новиот телефон на ZTE ќе помогнат и корисниците

Кинескиот производител на комуникациска опрема и телефони, ZTE, ја повика јавноста со свои идеи да го дизајнира нивниот нов паметен телефон. Project CSX, скратено од Crowd Sourced X, е со идеја корисниците да помогнат во создавањето на телефонот.

Првите идеи се интересни како: додавање на маска со соларен панел или втор дисплеј кој може да се заврти за 360º, создавање на различни модули за телефонот и контролери за играње. Проектот е отворен за идеите на јавноста од 3-ти август, а конечната верзија треба да биде достапна во 2017 година. Според најавите цената ќе биде доволно ниска за јавноста да може да си го дозволи телефонот.

Дел од експертите за BBC го поздравуваат храбриот и револуционерен потег на компанијата, но дел од експертите сметаат дека идеите на корисниците нема да донесат ништо ново и револуционерно. Дополнително, идејата за уред кој треба да биде достапен за сите ќе исклучи дел од најрадикалните и најверојатно најинтересни идеи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments