3 коментари 2 мин. читање 5 август, 2016

СКАНДАЛ! Facebook вети дека ќе ги спречи clickbait линковите

Најголемата социјална мрежа се залага за искоренување на постовите кои се направени за да привлечат што е можно поголем број на посетители. Станува збор за текстови кај кои насловот нема премногу врска со текстот. Facebook неколку пати досега го менуваше алгоритамот, но барем засега без премногу успех.

„Наша цел е во News Feed да има повеќе релевантни приказни за корисниците – рангирањето на текстовите па она што е најважно за секој да се покажува највисоко во резултатите. Кога ги рангираме содржините и правиме промени во News Feed се фокусираме на неколку вредности…“, јави Facebook на својот блог.

Цел на новите промени во алгоритамот се насловите од типот: „Неверојатно“, „Нема да верувате што се случи“, „Шокантно и слични наслови кои се наменети токму да привлечат повеќе кликови. Facebook ветува дека наскоро фидот нема да биде преполн со вакви наслови.

Тимот нa Facebook анализираше десетици илјади наслови и текстови. Ако насловот е наведувачки отсега ќе биде намалена дистрибуцијата на овие текстови. Цел на првата промена на алогоритмот се наслови кои не споделуваат доволно податоци за корисникот да може да изведе точен заклучок, но и наслови кои претеруваат за да го измамат читателот, на пример „јаболките не се добри за вашето здравје“, но само ако јадете над 1.000 дневно. Но, што ќе се случи со македонските текстови или оние напишани на некој регионален јазик? Дали Facebook ќе може да ги препознае?

Најголем дел од корисниците денес до податоци и вести доаѓаат преку социјалните мрежи, па споделување на вести кои се порелевантни секако е подобро. Ова не е прв пат Facebook да се заложи за уништување на clickbait постовите, но барем досега немаше премногу успех, се надеваме дека новите промени во најголем дел ќе ги отстранат овие наслови.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Анонимност
Анонимност
9 years ago

Па вашиот наслов на оваа вест многу наликува на clickbait !
Првен ова воопшто не е СКАНДАЛ! како што е нагласено на почетокот. Или воопшто незнаете што е сканал или се трудете преку користење на зборот СКАНДАЛ да дојдете до повеќе кликови.

IT.mk редакција
Admin

:)

Насловот е крајно саркастичен.

Мени
Заедница
Изглед
To top