За π-денот, Raspberry Pi фондацијата претстави нов модел

во Хардвер

Image courtesy of Raspberry Pi Foundation

Нов Raspberry Pi Model B+ е достапен во продажба. Фондацијата го одбра π-денот за издавање на новиот модел на мини компјутерот.

Новиот модел е на продажба за 35 долари и е надградба на постоечкиот модел. Дополнително, дознавме дека претходниот Raspberry Pi 3 се продал во над 9 милиони примероци.

Еве кои се компонентите на новиоит модел:

  • 1.4GHz 64-bit четири јадрен ARM Cortex-A53 процесор
  • Dual-band 802.11ac wireless LAN и Bluetooth 4.2
  • Gigabit Ethernet
  • напојување преку Ethernet
  • PXE network и USB mass-storage booting
  • подобар менаџмент на загревањето

Она што е објавено е дека најголемиот напредок е во брзината на поврзувањето. Мрежите се три пати побрзи, објавуваат од фондацијата.

Добра вест е дека Wi-Fi мрежата на новиот Raspberry Pi има „modular compliance“ сертификат. Ова ќе овозможи компјутерот да може да се инсталира во најразлични „интернет на нештата“-уреди без потреба од дополнителни дозволи од агенците.

За споредба еве како изгледаа спецификациите на првиот модел на Raspberry Pi:

Работи на Linux, има 700MHz процесор, 256 МB RAM меморија, поддршка за SD картички, две USB порти, Ethernet, HDMI и RCA излези и можност за 1080p HD репродукција. Сето ова е спакувано на плочка која е малку поголема од кредитна картичка! Со цел да има што е можно пониска цена, Rasberry PI пристига единствено како плочка без куќиште, иако некои од корисниците имаат изработено идејни решенија за куќиште, додека повеќето веруваат дека може да биде поамбициозен проект за ефтина цена.

Овој модел кој делува скромно во споредба со сегашниот се распродаде за само еден ден.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk