За да одбележи 10 години соработка со RED, Apple претстави прв црвен iPhone

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Apple можеби некогаш експериментира со дел од хардверот, но кога се во прашање боите на телефоните црна и бела долго време беа единствената варијанта. Затоа секое додавање на нова боја е дочекано со воодушевување од фановите. Компанијата најави нова боја за iPhone 7, кој сега може да се купи и во црвена верзија.

„Откако започнавме да соработуваме со RED, пред 10 години, нашите корисници имаат значително учество во борбата со сидата, преку купувањето на наши производи. Од оригиналниот iPod nano (PRODUCT) RED SE, па се до слушалките Beats, но и додатоци за iPhone, iPad и Apple Watch.“, објасни Тим Кук.

RED е фондација која собира средства за борба со сидата. Основачи на фондацијата се Боно и Боби Шивер. Apple подолго време има одлична соработка со оваа фондација, и е најголем контрибутор во оваа фондација – досега донирале над 130 милиони долари.

Телефонот ќе биде достапен во продажба од 24 март. Засега е нејасно дали бојата ќе остане достапна или новиот црвен телефон ќе дојде во ограничен број. Цената на RED започнува од 750 долари, а телефонот ќе биде достапен во продажба во 40 држави. Освен iPhone 7 и iPhone 7 Plus, во RED верзија ќе биде достапен и iPhone SE,  телефон со 4-инчен екран од Apple.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk