Летовите од Блискиот Исток и Африка до САД отсега без електронски уреди

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

САД воведе нови правила за летањe за летовите од Блискиот Исток и Африка. Патниците во овие прекуокеански летови, повеќе нема да можат да влезат во авионот со таблет или лаптоп компјутери. Исклучок се паметните телефони кои се дозволени на авионите.

Целата електроника која е поголема од паметен телефон, отсега мора да биде чекира и да остане во багажот. Правилото ќе важи единствено за директните летови до САД. Доколку летот слета и багажот биде проверен на доверлив аеродром, тогаш нема да има потреба од чекирање на електронската опрема.

Забраната се однесува на лаптоп, таблет, хибридни компјутери, но и на рачни конзоли, DVD плеери и различи електронски игри.

Причината за новите правила е загриженост за зголемена опасност по безбедноста. Непотврдена информација на CNN е дека причина за ограничувањата е Ал Каеда, која оперира од оваа област. Според податоците новите правила веќе стасале до Etihad Airways, Turkish Airlines, Saudi Arabian Airlines и Royal Jordanian Airlines.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk