Android O им е достапен на девелоперите

Google ја претстави новата верзија на Android, и таа веќе им е достапна на девелоперите за преземање и тестирање. Ако го следи досегашниот развој, Android O ќе биде достапен наесен.

Целта на тест верзијата на оперативниот систем секако е да се прилагодат апликациите на Android O. Со ова девелоперите имаат доволно време да ги средат апликациите и да ги прилагодат на новата верзија нa оперативниот систем. Поради лимитирањето на процесите кои апликациите можат да ги извршуваат додека не се активни, овој пат девелоперите можеби ќе имаат повеќе работа.

Промените во оперативниот систем ги објави Google заедно со developer-верзијата. Android О доаѓа со поделба на каналите по кои стигаат нотификациите. Девелоперите мораат да одберат барем еден канал за нотификации, а корисниците потоа и самите ќе можат да го променат каналот. Оперативниот систем доаѓа со 6 канали за нотификации:

  • Важно
  • Звук
  • Светло
  • Вибрација
  • Се прикажува на lock-екранот
  • и го игнорира „не вознемирувај“ нагодувањето

Новата верзија на оперативниот систем ќе овозможи слика-во-слика на сите Android уреди. Ова досега бепе достапно единствено на Android TV. Слика-во-слика ќе овозможува апликацијата да продолжи да ја прикажува содржината, иако апликацијата е паузирана. Дополнително, корисниците ќе можат да користат Autofill Framework API за пополнување на формите. На пример, пополнувања за кредитни картички и слично. Нова промена е и додавање на икони кои може да се адаптираат, да ја променат формата во зависност од уредот.

Најдобра вест за идните корисници е дека следната верзија на оперативниот систем ќе биде поштедлива кога батеријата е во прашање. Ова се постигнува со ограничување на работите кои апликациите можат да ги прават додека работат минимизирани.

Android O девелопер верзијата е достапна на: Nexus 5X, Nexus 6P, Nexus Player, Pixel, Pixel XL и Pixel C.

Повеќе податоци за Android O ќе има за некој месец, во мај кога се одржува и Google I/O.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk