0 коментари 3 мин. читање 27 март, 2020

За бескаматните кредити не се потребни шалтери, сите документи се достапни онлајн

Пред неколку дена Владата донесе сет економски мерки со цел да ја поткрепи економијата во време на пандемијата на COVID-19, каде што многу бизниси, особено оние од секторот угостителство, транспорт и туризам бележат големи загуби од причина што или не работат, или пак движењето на потрошувачите е ограничено или строго претпазливо.

Мерките беа најавени од страна на економскиот тим на Владата и имаат цел обезбедување на поддршка за ликвидоста на компаниите со ограничување на микро, мали и средни компании. Мерките значат давање на бескаматни кредити со грејс период од 6 месеци и рок на враќање од 2 години. Износот на кредитот е одреден зависно од бројот на вработени и може да биде од 3 до 30 илјади евра. Микро-компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите фирми од 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од од 10 до 15 илјади евра, а средните компании од 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра.

Откако започна апликацијата за кредитите, голем дел од медиумите објавија за гужви и непочитување на препораките за држење на дистанца во седиштето на УЈП, каде што претприемачите и нивните сметководители и вработени чекаат на ред ги извадат потребните документи како потврда за платен данок и слично на шалтерите на УЈП, документи кои им се потребни за аплицирање на бескаматните кредити. Голем дел граѓани веднаш го критикуваа овој чекор на Владата информирајќи дека процесот на аплицирање на бескаматните кредити создава ризик по јавното здравје.

Чекањето на шалтери и создавање гужва во институции во никој случај не е препорачливо во време на пандемијата со коронавирусот чија преносливост е исклучиво голема, па така денеска овој мит беше побиен од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, која на својот Facebook профил објави дека апликацијата за бескаматниот кредит може да се изведе исклучиво онлајн, а документите може да се приберат на следниве начини:

💻 Централен регистар:

📄 тековна состојба,
📄 листинг од обработена годишна сметка / завршна сметка за фискалната 2019 година,
📄 потврда за стечајна постапка,
📄 потврда за ликвидациона постапка ➡️ https://www.crm.com.mk/CRIS/.


◾️ Kорисниците на Интернет Дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил.
📄 ЗП образец ➡️ https://www.crm.com.mk/DS/download/Registers_document_forms/Obrasci_za_upis/Elektronsko_popolnuvanje/ZPe.pdf.


💻 Управа за јавни приходи:

📄 уверение за платени даноци и придонеси ➡️ https://etax-fl.ujp.gov.mk/


💻 Развојна банка:
📄 апликации ➡️ [email protected]
📄 јавен повик ➡️ www.mbdp.com.mk

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top