{mosimage}Од утре германските ИП адреси ќе немаат пристап до музичките видеа на YouTube, откако преговорите меѓу музичката индустрија и Google пропаднаа поради компензација за авторски права. Неофицијално GEMA (Германската музичка организација кој собира надоместок за користење на авторски дела) барала многу повеќе од тоа што Google сакал да плати за правата, односно GEMA барала 0.16 долари секојпат кога германските корисници на YouTube гледаат видео кое е заштитено со авторски права.
Ова се случува откако пред 3 недели Google ги блокираше и британските корисници поради иста причина.
Интересно додека Google се расправа со музичката индустрија, во исто време се договара и со филмската индустрија. ABC Television Group потпишаа договор да стартуваат неколку видео канали на YouTube во мај кои ќе вклучуваат ABC Entertainment, ABC News, ABC Family и канал за сапуници. Меѓу канали ќе бидат и содржини од Walt Disney Company.
Меѓу попозната содржина се „Lost“, „Oчајни Домаќинки“… но таа содржина ќе биде преку промотивни кратки видеа кои ќе бидат ограничени само на американските ИП адреси. Сепак ова е интересен потег на Google кој покрај проблемите кои ги има YouTube со авторските права, презема интересни чекори да се „здружи“ со големите видео и музички студија и да им дозволи да објавуваат нивни реклами што можат да им донесат додатни приходи.
Кој знае можеби откако ќе ги спреди своите проблеми, пример: 1 милијарда долари се уште неразрешена тужба од ViaCom заради прекршени авторски права, и откако музичките и видео индустриите бидат задоволни и можеби сфатат дека има потенцијал со YouTube да си го прошират бизнисот и надвор од САД, можеби тогаш тие видеа ќе бидат достапни интернационално и целосно.
{mosimage}






