0 коментари 2 мин. читање 28 јуни, 2013

Со iOS 7 ќе може да го контролирате iPhone со движење на главата

Apple во најавениот iOS 7 ќе додаде контролирање на iPhone и iPad со движење на главата. Опцијата е наменета пред се за луѓето кои се делумно неподвижни, но сепак можат да ја завртат главата. Конторолата не е премногу софистицирана, вртењето на главата надесно е команда „откажи“ или „назад“, вртење на главата на лево е потврда, а вртење на главата надесно го враќа корисникот на почетниот екран. Покажувачот сам се движи по редовите во кој се наоѓаат апликациите, а корисникот најпрво го одбира редот во кој се наоѓа апликацијата, а потоа и самата апликација.

Доколку имате бета верзија на iOS 7 и сакате да ја испробате опцијата за корисници со инвалидитет, мора да имате во предвид дека опцијата е во бета фаза и како таква може да предизвика непожелно однесување. Корисниците кој ја испробале опцијата пријавуваат неможност за скролање откако ја вклучиле опцијата како и проблем со исклучувањето на iPad.

[youtube]cdw4O4DM3wI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top