YouTube Music Key е нов oбид на Google да понуди музички сервис без реклами

во Веб

YouTube Music Key е нов обид на Google да го искористи потенцијалот за слушање и пронаоѓање музика на YouTube, и да претстави конкурентен музички сервис од кој ќе прави пари. Се работи за сервис кој ќе има 20 милиони песни и спотови, и кој ќе биде без реклами. Но, по првиот тест период од 30 дена, корисниците ќе треба да плаќаат претплата од 10 долари за пристап до „високо-квалитетни песни и целосни албуми кои се организирани според дискографијата на уметникот“. Претплатата од 10 долари ќе важи и за YouTube Music Key и за Google Play Music Key, кој всушност ќе биде ребрендиран Google Play Music All Access.

Според Android Police, музичкиот сервис на YouTube ќе може да се слуша и гледа офлајн, односно песните ќе можат да бидат без видео, за да можат да се симнуваат и слушаат. Покрај песните, Google ќе понуди и видео од концерти, ремиксови и други верзии на песните. Улогата на YouTube ќе биде да помогне во побрзо наоѓање на музика и да понуди сугестии за други песни според тоа што е прегледано и преслушано претходно. Тука е вклучена и содржина која ќе е заакачена на YouTube и од корисниците.

Засега нема детали кога ќе биде објавен сервисот, но подготовките се во тек. Проблем засега се договорите со музичките студија и сопствениците на авторските права. Според Android Police, гигантот веќе имал препреки со независните издавачи околу договорите за исплата. Но, Google веќе го има купено youtubemusickey.com доменот, и најверојатно ќе чуеме нешто повеќе за сервисот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments