Стив Балмер објави дека го напушта одборот на директори на Microsoft за да може целосно да и се посвети на својата нова љубов – NBA тимот Los Angeles Clippers кои ги купи за 2 милијарди долари. Љубителите на кошарката веќе сигурно видоа дека не ги напуштил своите oткачени навики на претставувањето на клубот.
Крварев Microsoft – 34 години и засекогаш. Сè уште сакам да дискутирам за иднината на компанијата. Сакам да испробувам нови продукти и да го кажам моето мислење за нив. Сакам да читам за тоа што се случува со компанијата. Можете да сметате дека ќе продолжам да споделувам идеи и мислења. Компанијата ќе се крене во нови височини. Ќе бидам горд и ќе ги чувствувам придобивките преку акциите. Ветувам дека ќе продолжам да ја поддржувам и охрабрувам смелоста на менаџментот со сите расположиви средства во мојата улога на акционер“.
Новиот директор на Microsoft, Сатја Надела, му се заблагодари на г. Балмер за неговата служба во компанијата и за подршката која му ја изразуваше во почетокот на неговото директорување. Иако успесите на Microsoft под негово водство се дискутабилни, Стив Балмер никогаш не беше здодевен, се чини дека оваа карактеристика ќе ја задржи и како нов сопственик на Clippers.
[youtube]mriKM_39cfE[/youtube]