А1 Македонија климатски неутрална до 2040

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, ИТ.ЕУ

А1 Телеком Австрија, а преку неа и А1 Македонија се дел од основачите на „Европската зелена дигитална коалиција“, a групацијата и официјално е членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC). „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“ ја потпиша извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолднер.

Потпишувањето е дел од виртуелниот настан „Дигитален Ден 2021“, организиран од Европската комисија и португалското претседателство во Порто. Групацијата А1 Телеком Австрија се обврза на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG (Environmental, Social and Corporate Governance), и на еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво.

Со потпишување на оваа декларација овие обврски ги презема и А1 Македонија која е член на А1 Телеком Австрија. Дел од клучните заложби се намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 и климатска неутралност на компанијата најдоцна до 2040 година. Овие услови се зацртани во одржливите цели на ESG во А1 Групацијата, кои се составен дел од корпоративната стратегија.

Ова е првпат Декларацијата на една земја-членка да биде дополнета со декларација за индустриски лидери како што е групацијата А1 Телеком Австрија.

„Многу сум горд што сме членка на основачкото тело на оваа многу важна коалиција. Како А1 Групација, со години демонстрираме дека активно преземаме одговорност за луѓето, општеството и животната средина спроведувајќи конкретни активности, какви што се иницијативите за дигитално образование на млади и стари лица или кампањи за рециклирање мобилни телефони. Понатаму, ние ја поттикнуваме нашата транзиција кон зелена и одржлива мрежа со, покрај другите мерки, набавка на зелена електрична енергија, опремување на базните станици со фотоволтаични панели и користење на енергетски ефикасни мрежни компоненти. Особено како водечки оператор за комуникации во регионот на Централна и Источна Европа е наша обврска да спроведеме зелена и дигитална трансформација со нашата експертиза“,- изјави Томас Арнолднер, извршен директор на Групацијата А1 Телеком Австрија.

Како дел од целите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот, компанијата ги постави следниве цели во областа на животната средина:

Емисии на CO2 2030

Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори

Енергетска ефикасност 2030

 Зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година

Циркуларна економија 2030

Промоција на циркуларната економија во компанијата: Рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно


За целите на ESG посетете ја страницата: https://esg.a1.group/en/

Повеќе информации за Digital Day 2021 на: https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/news/digital-day-2021

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments