0 коментари 1 мин. читање

YouTube додаде опција за правење на GIF-ови од видеата

YouTube додаде GIF креатор од видеата, но засега функцијата е достапна на мал дел од популарните канали. Функцијата е додадена во делот за споделување на видеата, во нов таб „Gif“. Заедно со Gif-от корисникот добива и код за вметнување (ембедирање) на ново-креираниот Gif на веб страните. Покрај кусите делови од видеата корисникот може да внесе текст на горниот и долниот дел на „сликите“.

За сега функцијата е овозможена на видеата на PBS Idea Channel. Наскоро ќе видиме дали функцијата треба да ја возможат креаторите на видеата и тоа дали за целиот канал или за секое видео посебно, вели BBC. Но, ако не ви се чека, веќе има неколку сајтови кои нудат ваква опција.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top