0 коментари 2 мин. читање 12 август, 2014

Microsoft претстави одлична алатка за стабилизирање на видео

Добри вести доаѓаат од лабораторијата на Microsoft каде истражувачи најдоа начин да ги стабилизираат снимките и да ги направат побрзи. Се работи за софтвер – First-person Hyperlapse – кој ја стабилизира снимката така што и додава нови фрејмови, според анализа на длабочината на полето.

Hyperlapse на Microsoft е дизајниран за GoPro и другите спортски камери, кои најчесто се закачени на кацигата, и најчесто се користат во услови каде е тешко да се стабилизира снимањето. Резултатот од овие спортски камери иако е интересен, за жал e лош, велат истражувачите, бидејќи долгите снимки гледани со нормална брзина се досадни, а ако ги забрзате видеото станува ужасно. Hyperlapse треба да ги реши двата проблеми – да ја стабилизира снимката, и да ги направи таканаречените time-lapse видеата подобри за гледање. За жал, оваа алатка не е достапна за симнување, но би требало да се појави наскоро како Windows апликација.

[youtube]SOpwHaQnRSY[/youtube]

[youtube]sA4Za3Hv6ng[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top