Microsoft Bing се подготвува за апликации со проширена реалност

0 коментари 1 мин. читање

Microsoft започна со подготовки на теренот за својот производ за проширена реалност, јавува ZDNet. Основата на проширената реалност на Microsoft ќе биде Bing, а тимот работи и на  Augmented Reality SDK,што значи дека сметаат и на независни девелопери кои се заинтересирани за AR-апликации.

Тимот за проширена реалност работи на неколку проекти: следење на камера, гласовно и визуелно препознавање, оптичко препознавање на карактери, превод, а и визуелен кориснички интерфејс. Досега се достапни неколку апликации за проширена реалност: Bing Translation, Bing Maps, Bing Vision и Bing Audio.

За жал за сега нема информација која ќе биде платформата на која ќе се „вклучуваат“ апликациите со проширена реалност, иако без сомнеж барем во моментов најпогодна платформа е Windows Phone. Доколку шпекулациите за Fortaleza се покажат како точни токму тие би биле прв избор.

Ова најверојатно повторно ќе го зголеми ривалството помеѓу Google и Bing, кое сега ќе излезе надвор од рамката на пребарување.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед