Yahoo ја отпушти досегашната извршна директорка Керол Бартц, откако таа не ги исполни очекувањата на инвеститорите да ја врати компанијата на врвот. И по две и пол години од нејзиното назначување како извршен директор во 2009 година, превземајќи го кормилото од ко-основачот Џери Јанг, г-ѓа. Бартц, која претходно успешно го водеше Autodesk, не успеа да го задржи Yahoo конкурентен во интернет пребарувањето и во дигиталната дистрибуција на персонализирана содржина.
Како привремен извршен директор е назначен финансискиот директор на Yahoo, Тим Морс.
Проблемот со Yahoo сега е што има многу посериозна конкуренција. Yahoo пред некоја година беше пионер и лидер во интернет пребарувањето, но беше прегазен од Google и заврши во соработка со Microsoft предавајќи им дел од технологијата и користејќи го Bing во замена за пари. Сега се чини дека ги чека ист напорен предизвик и со дистрибуција на персонализираната дигитална содржина бидејќи сега го имаат Facebook како конкурент. Yahoo во моментов продолжува да се надава за видео сервисот Hulu, што може да му донесе нова бизнис идеја со нови опции за приходи и идни планови за дистрибуција на содржина.
Победени во пребарувањете, надвор од друштвените мрежи, Yahoo веќе не претставува привлечно место за рекламирање. Иако сè уште се меѓу лидерите, пример во САД се на прво место според прикажани визуелни реклами, сепак се очекува Yahoo да биде тргнат од тој врв од Facebook до крај на оваа година.
Според извори од Wall Street Journal, можно е да следи и аквизиција на Yahoo. Сигурно инвеститорите сега жалат што во 2008-ма ги одбија 44 милијарди долари од Microsoft.
Конечно и на мене да ми се насмее среќата. Сега мене ќе ме вработат….
Секое куче си има свој среќен ден! :)