Yahoo! им плаќа на Google по 100.000 долари дневно

во Веб

{mosimage}Според истражувањето на компанијата AdQuantis, во април, Yahoo! објавил 102.742 реклами во вид на текстуални огласи на страните со резултати на пребарувачот на Google, со што им плаќале во просек по 90.965 американски долари дневно. Пребарувачот кој падна во огромна криза откако ја одби понудата на Microsoft мината година, Yahoo!, се наоѓа на второто место за април по бројот на истакнати огласи во пребарувачот на Google.

Нормално е да мислите и да се чудите зошто Yahoo! би му плаќале на својот најголем конкурент, но вистината е дека се работи за една интересна, сепак не баш етичка стратегија за зголемување на уделот на пазарот и профитот на Yahoo!. Како?

Yahoo! преку платформата за рекламирање на Google, AdWords, пласира и плаќа одредена сума за фрази и клучни зборови кои корисниците на Google би ги пребарувале… подоцна, кога некој ќе го пребарува таргетираниот клучен збор ќе му се појави огласот на Yahoo!, а доколку кликне на него ќе биде пренесен на страната на пребарувачот каде што а) ќе кликне на некој оглас истакнат таму од кој Yahoo! ќе прави пари, или б) ќе продолжи да пребарува користејќи го Yahoo! со што ќе им се зголеми пазарниот удел. Бројката на луѓе кои по кликнувањето на огласот се враќаат на Google е многу мала, со што Yahoo! добива доста добри резултати.

{mosimage}

Кампањата која Yahoo! ја води на Google е внимателно таргетирана и сумите се прецизно дефинирани, така што во просек од секој истакнат оглас Yahoo! подоцна добива 30% профит доколку препратениот корисник кликне на огласот истакнат на Yahoo!. А во случајот кога корисникот ќе го користи пребарувачот за да продолжи со своето истражување или онлајн пазарење, повторно Yahoo! има добивка – пазарен удел.

Од Yahoo! не искоментираа ништо за оваа вест, ниту пак истакнаа колку имаат остварено профит од ваквиот начин на работење, но едно е сигурно, доколку нема позитивни резултати, тие не би инвестирале по 100.000 долари дневно, односно по скоро 3 милиони долари месечно.

AdQuantis ја објави листата на 100 компании кои биле најактивни во истакнувањето на огласи во пребарувачот на Google. Во продолжение следат топ 10-те компании, додека целата листа е достапна на следниов линк.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk