0 коментари 2 мин. читање 23 февруари, 2015

XO-Infinity e eвтин, направи-си-сам лаптоп наменет за ученици и студенти

XO-Infinity е лаптоп креиран по идејата за модуларни телефони, на пример Project Ara на Google. Според најавите станува збор за евтин, издржлив и штедлив лаптоп кој е наменет за студенти, а иако ќе биде достапен насекаде, првите пазари ќе бидат во државите во развој. Идејата е на учениците да им понуди лаптоп кој ќе можат да го користат во текот на своето образование, но и да ги заменеат компонентите кога за ова ќе се појави потреба.

Јадрото на XO-infinity ќе биде основа на која ќе можат да се поврзат најразлилни компоненти, од дисплеј до тастатура. Се разбира може да се заменат и процесорот, па дури и оперативниот систем кој може да биде Linux, Windows или Android, вели liliputing. Дополнително може да се заменат и батеријата, безжичниот модул, а за ова нема да бидат потребни специјални алатки, всушност склопувањето ќе биде толку едноставно што ќе може да го склопи и четиригодишно дете.

Според најавата уредот ќе биде достапен во 2016 година, а до тогаш компанијата има план да се представи со краудфандинг кампања со која би собрале средства за производство на компјутерот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}