0 коментари 2 мин. читање 1 април, 2016

Xiaomi претстави паметен готвач за ориз за идните паметни домови

Xiaomi презентираше уред кој компанијата ќе ја внесе и во паметните домови на иднината. Mi Induction Heating Pressure Rice Cooker е паметен уред на кој му е потребно ново, пократко име, но би требало ја олесни работата во кујната, бидејќи овозможува паметно готвење на ориз со помош на паметен телефон. Уредот треба да биде одговор на јапонската доминација на азискиот пазар.

Очекувано готвачот за ориз се поврзува со паметните телефони, со скенирање на кодот на оризот корисникот нема да мора да се грижи дека неговиот ручек нема да биде совршено зготвен, а досега се внесени над 200 видови на ориз, но на листата ќе бидат додадени уште брендови во иднина. За сите видови на ориз кои ќе бидат препознаени рерната има идеална методологија на загревање која по скенирањето автоматски се избира. Уредот ќе биде достапен од 6 април во Кина, а цената ќе биде околу 150 долари. Засега нема информации за глобална продажба на уредот, јави TechCrunch.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top