Android One е иницијатива која Google ја започна пред неколку години, во 2014. Иницијативата беше претставена на Google I/O, но за жал никогаш вистински не заживеа. Денес компанијата во соработка со кинескиот стартап Xiaomi ќе се обиде да го постигне она што во целиот период на постоење не успеа – глобално присуство.
Идејата на компанијата беше производство на телефони кои треба да исполнат минимални услови за квалитетно Android искуство. Иако идејата бепе одлична и започна да се реализира, пазарите на кои Android One телефоните се присути се малку. Android One започна на пазарите во: Индија, Индонезија, Пакистан, Филипини, некои држави во Африка, Јапонија, Шпанија и Португалија и тука застана.
Соработката со Xiaomi најавува достапност на Android One на 40 пазари.
Xiaomi Mi A1
Новиот телефон од Xiaomi повторно е уред кој ги поместува границите на цена во однос на перформанси. Уредот доаѓа со 5.5-инчен 1080р дисплеј и е изработен од метал. Дополнително, телефонот доаѓа со: Snapdragon 625 процесор, 4GB RAM, 64 GB флеш-диск; дуал задна камера со 2х оптички зум и 3080 mAh батерија. Цената на телефонот е 240 долари.
Но, хардверот не е она што е специфично за овој уред. Наместо MIUI Mi A1, доаѓа со непроменет Android. Во оваа насока се и најважните ветувања за MIUI кој овој пат доаѓаат од Google. Компанијата вертува дека најдоцна до крајот на годината, оперативниот систем ќе биде надграден на Android Oreo, а следната година уредот ќе биде надграден на Android P.
Не помалку важно, Android One ќе имаат редовни безбедносни закрпи, а Google Play Protect ќе помогне за заштита од малициозни апликации. Телефоните ќе доаѓаат и со Google Assistant; корисниците можат да го користат облакот на Google Photos за неограничено складирање на фотографии. Дополнително, иако телефоните на Xiaomi не доаѓаат со премногу инсталирани апликации, Android One ќе доаѓа единствено со неопходните апликации.