Samsung Galaxy Note 8 ги освои медиумите, но ќе ги освои ли корисниците?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Излегоа првите рецензии за новиот телефон од Samsung, Galaxy Note 8. Најголемиот проблем на телефонот е што претходниот модел имаше батерија која експлодираше, а оттогаш конкуренцијата стана многу подобра. Пред една година Note беше прогласен за најдобар Android телефон, денес таа „титула“ останува кај Pixel. Note 8 сепак, е најдобриот телефон на Samsung.

„Note 8 го има најдобриот дисплеј што сум го видел – светол и живописен како кај најдобрите телевизори. Камерата е брза и фотографиите наликуваат на професионалните. Пишувањето со електронското пенкало е како на хартија. Но, најважно Samsung се погрижи овој пат телефонот да не експлодира“, вели New York Times.

Еве брзо потсетување на хардверот на Note 8: Qualcomm Snapdragon 835 процесор; 6GB of RAМ; 64GB флеш-диск; microSD слот; 6.3-инчен 2960 x 1440 super AMOLED дисплеј; USB-C; бежично полнење; скенер за отпечатпци на прсти; скенер за ирос на окото; скенер за лицетот;  f/1.7 12-MP главна задна камера со стабилизација; f/2.4 12-MP помошна камера со 2x зум и со стабилизација; 8-MP предна камера и 3,300 mAh батерија.

За почеток недостатоците. New York Times забележа проблеми со скенерот на ирис и скенерот на отпечатоци. Проблемите се толкави што ги нарекоа како споредна фукционалност која не може да се смета како на поголема безбедност.

„Отчитувачот на ирисот доаѓа со предупредување од Samsung. Сензорот може да не работи ако: носите очила; ако сте свртени кон сонцето; ако има прашина на сензорот.

Не носам ниту очила, ниту леќи, а ми успеа само едно од пет скенирања.

Кога го користите скенерот за ликот, Samsung прикажува уште едно предупредување: Вашиот телефон може да биде отклучен од некој кој личи на вас. Дополнително, препознавањето на ликот е понебезбедно и од лозинките. Тогаш зошто би го користеле?“, вели Брајан Чен од New Your Times.

Она што го прави телефонот помалку непрактичен е големината. Note 8 е огромен телефон, но иако големината е проблем кога го носите, при користење е предност. Благодарение на пенкалото и апликациите, уредот може да им биде од корист и на креативците и на уметниците.

„Кога на Note 8 ќе му го додадете и S Pen, што доаѓа со телефонот и е скриено во долниот лев агол и е секогаш присутно, Note 8 станува најпродуктивниот телефон. Без размислување избор за секој кој работи во движење, и претпочита телефон пред останатите уреди, а денес тоа вклучува многу директори и бизнис патници“, вели TechCrunch.

Она што е најголемо изненадување е колку е променет пазарот, пред се на големи телефони. Pixel на Google и iPhone+ не се единствените уреди кои сега му се конкуренција на Note. Помалку неверојатно, но Galaxy S8 е подеднаква конкуренција како и другите уреди. Разликата помеѓу големината на двата телефони е само 0.1-инч. Со исклучок на +2GB RAM речиси и да нема разлика. Затоа можеби најголемата разлика доаѓа со S Pen.

„Накратко, или знаете дека сакате Note 8 поради пенкалото или не. Ако не сте сигурни, најверојатно нема да го користите и ќе бидете подеднакво задоволни и од некој друг телефон“, вели Verge.

Во годината во која Samsung го повлече Note 7 излезе Pixel на Google. Секако уредот е прескап, но не и за купувачите на Note. Дополнителен проблем за Samsung е што Note излезе во период во кој ги очекуваме и новиот iPhone и новиот Pixel, а и Essential го претстави својот прв уред.

„Искрено Samsung толку го поправи својот друг огромен телефон Galaxy S8, што Note повеќе не е триумфална надградба како што беше Note 7 во споредба со S7. Note 8 сè уште е најдобриот телефон на Samsung, а секако има приврзаници кои ќе тврдат дека е најдобар телефон. Сепак станува збор за конзервативна надградба, која многу ќе ве чини“, вели Engadget.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments