Апликација на денот: Qik е малку подруштвен Skype

Skype претстави нова апликација за подруштвена видео комуникација. Апликацијата e дело на стартапот Qik, кој во април стана дел од тимот на Skype, односно Мicrosoft. Идејата зад Skype Qik е да биде алатка за разменување на видео пораки, или како што вели Skype за „споделување насмевки во текот на целиот ден“.

Апликацијата е едноставна за користење и со еден повлекување преку екранот овозможува споделување на видеото со еден или најмногу три пријатели истивремено. Корисникот може да променува помеѓу предна и задна камери и така да го снима видеото. Доколку не му се допаѓа да го избрише и да почне од почеток, па дури и да креира видеа за специјална пригода кои би можел да ги испраќа кога би бил презафатен за снимање во моментот. Интересно, видеото е со максимална должина од 42 секунди што е од почит кон „Автостоперскиот водич низ галаксијата“, каде „42“ е смислата на животот, универзумот и се останато. Апликацијата е веќе достапна за сите оперативни системи: iOS, Android и Windows Phone 8.1.

[youtube]s3i_Fss5PuM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk