0 коментари 2 мин. читање 25 февруари, 2020

Xbox Series X е чудовиште

Малку по малку пристигаат детали за следната генерација гејминг конзоли. Овојпат со детали излезе Microsoft, а компанијата ветува дека следната конзола е 4 пати помоќна од Xbox One.

Она што веќе сите го претпоставуваа и веројатно важи и за PlayStation 5, конзолата доаѓа со специјално изработен процесор со Zen 2 и RDNA 2 архитектура. Но хардверот не престанува да не импресионира тука.

Графичкиот процесор може да „испорача“ 12 TFLOPS оваа е двапати помоќно од Xbox One X и осум пати од оригиналниот Xbox One, вели шефот на Xbox одделот Фил Спенсер.

Она што е и поимпресивно не се самите перформанси, туку новата технологија на Microsoft. Технологијата ќе овозможи неуниформно апдејтирање на пикселите на екранот, или можност за фокусирање и приоретизација на пиксели каде ова е потребно. Ова треба да обезбеди повисок и постабилен фрејмрејт на повисоки резолуции.

Новата конзола на Microsoft ќе биде и првата со хардверски DirectX Raytracing. Ова значи дека светлото и рефлексиите ќе бидат реални, колку што ова може да биде.

Новост, иако очекувана и потврдата дека конзолата доаѓа со SSD. Иако веројатно ќе има неколку различни големини, засега не знаеме ништо за капацитетот на дисковите.

Од претходно веќе знаевме дека сите претходни игри кои ги поседувате ќе може да ги играте и на новата конзола.

Она што не е познато се две прилично важни прашања. Точниот датум на излегување на конзолата (иако претпоставките се дека доаѓа за новогодишните празници) и колку ќе не чини.

За повеќе податоци посетете го блогот на Xbox.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top