0 коментари 2 мин. читање 25 февруари, 2020

Европската комисија им го препорача Signal на своите вработени

Сајбер безбедноста полека, но сигурно станува едно од клучните прашања дури и кога политиката е во прашање. Прислушување, следење на комуникации и обиди за влијанија во политиката се дел од секојдневието. За зголемување на безбедноста на комуникацијата помеѓу вработените во Европската комисија, Комисијата на своите вработени им препорача да користат Signal.

Комисијата на вработените им испрати едноставна и кратка порака со известување дека Signal ќе биде апликацијата која ќе ја користат во комуникацијата. Ова се однесува на комуникацијата помеѓу вработените и вработените и луѓе надвор од институциите.

Signal е една од најдобрите апликации за пораки кои се достапни. Апликацијата е безбедна пораките се криптирани, а криптирани се и аудио говорот и видеата, што често не е случај со конкуренцијата. Дополнително, нема непотребни додатоци кои најчесто и не се користат, на пример игри. Корисникот може да избере да ги избрише сите пораки кои стигнуваат, што ја зголемува безбедноста. Дополнително Signal е апликација со отворен код што придонесува за заедничко пронаоѓање и отстранување на пропустите.

Токму отвореноста која нуди проверка на кодот и криптирањето е најголема предност на Signal. Креаторот на апликацијата не само што тврди дека се е криптирано, туку тоа може и да се провери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top