Започна Е3, а Microsoft ја претстави својата нова конзола. Конзолата досега беше позната како Scropio, а името под кое ќе се продава е Xbox One X. One X излегува во продажба на 7 ноември насекаде.
Ова е првата конзола која доаѓа со 4K поддршка. Конзолата доаѓа со специјално изработен процесор, кој според Microsoft е најмоќен процесор дизајниран за конзола. Дополнително, процесорот доаѓа со течно ладење кое досега се користeше за десктоп и за сервери.
Новата конзола доаѓа со 6 терафлопи графички процесор, 1.5 пати помоќен од PlayStation 4. Microsoft за конзолата креираше сопствен процесор по кој конзолата го доби работното име Scorpio. Процесорот работи на 1172MHz, повеќе до 853MHz на Xbox One и 911MHz во the PS4 Pro.
Она што е најдобрата вест е дека сите игри кои се достапни во моментов ќе работат на Xbox One X.
Секако, иако поддршката за старите игри е добредојдена, сепак главна вест се новите игри. Forza Racing првата игра која Microsoft ја претстави за конзолата. Новата Forza Racing излегува на почетокот на октомври.
Повеќе податоци за конзолата и за игрите во следните денови на Е3.
[…] на нозе, првин со најавата за нивната моќна конзола, Xbox One X, а потоа и со бројните наслови кои никако не се […]