NASA и IKEA заедно ќе се обидат да пронајдат решение за прегусто населените градови

0 коментари 1 мин. читање

Шведскиот гигант IKEA објави дека започнува соработка со NASA на изработка на мебел за луѓето кои живеат во густо населените градови. Овие истражувањa ќе им помогнат и на двете страни да пронајдат подобро решение за мисијата на Марс.

NASA и IKEA заеднo работат во MDRS Habitat во Јута. Експертите на IKEA треба да поминат некое време во симулацијата, а потоа да подготват производ кој ќе го направи поудобен мебелот за помал простор.

„Навистина е лудо и забавно искуство. Во принцип, целосно сме изолирани три дена за да се здобиеме со искуство кое астронаутите ќе го имаат три години. Речиси е истото чувство како кампирање. Секако, супер е што може да седнете и да поминете време со креативни луѓе. Ова само по себе е луксуз“, вели Мајкл Николиќ од IKEA.

Сепак, практичната примена на ова искуство во прво време ќе биде можноста за креирање на подобро искуство во големите градови. Во становите каде просторот е ограничен, иновативниот мебел на IKEA би можел да направи вистинска разлика.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top