1 коментар 1 мин. читање

Сите домашните миленици ќе добијат микрочип за евиденција

Од следниот месец започнува евиденцијата за поодговорно сопственишто, најави Агенцијата за храна и ветеринарство. На домашните миленици ќе им бидат имплементирани трајни чипови по цена од 800 денари за евиденција. Чиповите ќе содржат информации за вакцините кои ги примило животното и податоци за сопственикот.

Казната за неевидентирано животно е од 80 евра за физички до 1.000 евра за правни лица. Агенцијата за храна и ветеринарство вели за Дневник дека не сакаат да ги застрашат сопствениците, туку да се воведе ред и да го намалат бројот на кучињата кои сопствениците ќе ги купат, а потоа ги оставаат на улица. Сопствениците ќе можат да ги евидентираат своите миленичиња од јуни до крајот на годината.

Здружението за заштита на животните Anima mundi ja поздрави евиденцијата бидејќи со неа ќе се поттикне одговорно сопствеништво.

„Се додека имаме неодговорни сопственици, ќе имаме бездомни животни на улиците. Микрочипирањето е алатка што помага да се врши идентификација на животното, но и на тој што го поседува.“, вели претстедателот на Anima mundi, Столе Велковски.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top