Microsoft вели дека нивната конзола Xbox доживува трансформација од гејминг во конзола за забава. Xbox Durango ќе доаѓа со нова премиум содржина во која ќе инвестира компанијата. Слично како и Amazon и Netflix и гигантот од Сиетл не ја исклучува можноста за инвестирање во авторски содржини. Дополнително, конзолата овојпат нема да се концентрира на гејмери од 18-24 години кои се главни конзументи на содржините.
Иако Microsoft потенцира дека конзолата е за за забава, сепак новиот Xbox примарно ќе биде гејминг конзола. Kotaku дозна дека новата конзола одамна е во подготовка и дека дел од девелоперите на игри на големо работат на игри за новата конзола, Durango. Слично како и Sony, ниту Microsoft не ги потврдува овие податоци со цел да ги продава старите конзоли. Еве што велат изворите на Kotaku за новиот Xbox:
„Конзолата овој пат ќе доаѓа заедно со Кinect, сензорот од сега нема да биде додаток туку неопходност за конзолата. Ова ќе овозможи сите девелопери да работат со знање дека конзолите доаѓаат со овој контролер па ќе можат безбедно да го имплементираат во играта. Покрај ова новиот Kinect ќе може да следи шест играчи, што се разбира дека ќе биде добредојдено за мултиплеер, а и осетливоста на камерата сега е многу подбра па Kinect ќе може да ги следи дури и вашите прсти. Покрај ова на конзолата ќе може да работат повеќе апликации истовремено, на пример ако една од игрите играте на телевизор, друга ќе може да се игра на паметен телефон или таблет.”
Што се однесува до хардверот Durango ќе доаѓа со осум-јадрен 64-битен процесор на 1.6 GHz, графички процесор со подржан DirectX 11 на 800Mhz и простор за игрите од 500GB. Конзолата ќе доаѓа со 8 GB RAM и ќе биде способна за 3Д репродукција доколку поседувата ваков телевизор.