OpenSilver е замена за Microsoft Silverlight

во Софтвер

Денес и официјално завршува поддршката за Microsoft Silverlight. Последен прелистувач за кој досега нудеа поддршка е Internet Explorer 11.

Silverlight e апликациски фрејморк дизајниран за креирање на веб апликации. Microsoft го претстави во 2007 како конкуренција на Adobe Flash, a веќе во 2015 Microsoft и официјално ги советуваше сите корисници на Silverlight да се префрлат на DASH/MSE/CENC/EME дизајн.

Сепак, има големи и комплексни деловни апликации што не ја променија платформата и сè уште користат Silverlight. Добра вест за овие корисници е дека францускиот стартап „Userware“ веќе има подготвена замена. OpenSilver е современа имплементација на Silverlight која им овозможува на постоечките апликации да продолжат да работат и понатаму. OpenSilver е проект со отворен код на чие одржување работат многу софтверски програмери.

„Развојот на OpenSilver е мотивиран од цврстото убедување дека програмерите не треба да ги реобјавуват постојните апликации заради промена во технологиите. Јасен показател за ова се илјадниците Silverlight апликации кои се во продукција. Крајот на Silverlight е најавен во 2011, поради техничките пречки – прелистувачите еден ден ќе забранат плагини. Сепак многу програмери останаа посветени последните 10 години на она што сметаа дека е валидна платформа, бидејќи беше соодветна на нивните потреби. “, велат од Userware.

Како функционира OpenSilver

За разлика од оригиналната замисла за која беше потребен плагин, OpenSilver користи WebAssembly  за да креира „sandbox“ во кој ќе работи апликацијата. OpenSilver апликациите потоа работат во сите модерни интернет прелистувачи и платформи, од Chrome до iOS и Android.

За постоечката Silverlight апликација да се префрли на OpenSilver потребно е да се направи нејзино прилагодување со помош на Visual Studio екстензија за OpenSilver. Програмерот креира нов проект со постоечкиот код и ги менува Silverlight API повиците со соодветните OpenSilver повици. Секако потребни се уште некои чекори за конечното решение кои се објаснети во документацијата на платформата. Конечно не само што OpenSilver е замена за Silverlight, со негова примена може да се користат и поновите верзии на C# и на алатката Visual Studio. OpenSilver ги поддржува и .NET Standard, .NET 5 и .NET 6, а компатибилен е и со сите JavaScript библиотеки. Дополнително поради тоа што е со отворен код и работи во „sandbox“ доаѓа со поголема компатибилност и поголема безбедност.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post OpenSilver е замена за Microsoft Silverlight appeared first on […]