0 коментари 2 мин. читање 27 февруари, 2013

WTFShirt е кошула која е компатибилна со паметните телефони

Српскиот стартап WTFJeans ја претстави својата нова креација – WTFShirt, односно кошула со џебови кои се компатибилни со iPhone 5, или некој друг паметни телефони. Проектот на Пеѓа Пушеља е поставен на сервисот за краудфондинг Indiegogo за да ја продадат првата количина која ќе се произведе во Крагуевац.

Кожулата чини 59 долари и доаѓа во четири големини. Тоа што ја прави интересна е што има посебно направени џебови за да се чуваат паметни телефони. Тие содржат посебно дупче преку кое сопствениците може да го извлечат кабелчето од слушалките под кошулата, а содржи и посебен држач кој се наоѓа на внатрешната страна на кошулата, па така слушалките нема шанси да ги загубите или да ви паднат надолу.

WTFShirt содржи и крпчиња за чистење на екраните на паметните телефони или наочари. Со оглед на тоа дека имаме честа навика да се бришиме со ракавите или било кој друг дел од нашата облека, ова е повеќе од одлично решение.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top