HTC нема да се откаже од Windows Phone телефони

во Мобилни

И покрај лошата година, особено во третиот квартал кога забележа помали продажби, тајванскиот HTC вели дека нема планови да се откажат од Windows Phone платформата. HTC се посветени на своите Android уреди кои остануваат приоритет, посебно со неодамнешното претставуање на HTC One, но ќе продолжат да произведуваат телефони кои ќе работат на оперативниот систем на Microsoft, иако тој не е толку добро прифатен од корисниците.

„Во моментот сме целосно посветени на нашиот бизнис со Windows Phone. Имаме добра соработка со Microsoft за повеќе објави оваа година.“, вели Таи Ито, потпретседателот на HTC, за Cnet. „Јас сфаќам дека Windows Phone 8 не е толку добар како што очекуваше пазарот, но мислиме дека е потребно време и ќе продолжиме да работиме со нив“.

Со оглед на тоа дека само HTC и Nokia покажуваат интерес за оперативниот систем на Microsoft, ова е одлична шанса да завладеат на пазарот со паметни телефони кои работат на Windows Phone и да покажат дека вреди овој OС. Ова ќе биде година кога со сигурност би требало да очекуваме повеќе паметни телефони со WP8 од HTC, додека Nokia веќе претстави два нови Windows Phone уреди. Но, според г. Ито, HTC иако има желба, сепак не планира да произведе WP телефони со големи екрани како 4,7-инчниот HTC Titan, што ја открива намерата да се произведуваат „mid-range” телефони кои според цената ќе и одговараат на пошироката публика, а според перформансите ќе бидат блиски до конкурентните Android уреди.

Во продолжение можете да го прочитате нашиот прв поглед на HTC Windows Phone 8S.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
zaza
zaza
8 years ago

Само јас заприметувам или HTC 8S е доста продаван во Македонија?

Виктор Дано
8 years ago
Reply to  zaza

Ти фалат статистики за да кажеш дека е „Доста продаван“. :)