Worms Armageddon: Бесплатно ажурирање носи три класични игри и многу повеќе

По повод 25-годишнината од дебито на бестрашните без’рбетници на гејминг сцената, фановите на култната класика Worms Armageddon добија пријатно и, пред се, бесплатно изненадување. Најновото ажурирање за Worms Armageddon: Anniversary Edition, насловено како Backworms Compatible, пристигна за PlayStation 5, PlayStation 4, Xbox Series X|S, Xbox One и Nintendo Switch, носејќи со себе не една, туку три цели ретро игри од серијалот, збогатувајќи го и онака веќе богатото јубилејно издание.

Ова значајно ажурирање претставува повеќе од обична закрпа и ви нуди ексклузивна можност да ги истражите корените на серијалот со вклучувањето на целосно функционални верзии на Worms за Super NES (SNES) и Genesis/Mega Drive, како и Worms World Party за Game Boy Advance. Овој потег овозможува уникатно патување низ еволуцијата на играта, од 8-битни и 16-битни почетоци до 32-битната ера, сето тоа во рамките на еден модерен пакет.

Повеќе од само носталгија

Worms Armageddon: Anniversary Edition само по себе претставува верен, но технички унапреден, римејк на оригиналот од 1999 година. За разлика од емулираната верзија на класикот од првиот PlayStation, која исто така е достапна на PlayStation Store, ова јубилејно издание е развиено од ново за модерниот хардвер. Со нови опции за приказ, како што се прилагодени филтри на екранот и поддршка за современи соодноси на слика се обезбедува одлично визуелно искуство пред големите екрани.

Покрај визуелните подобрувања, изданието нуди и интерактивен документарец кој детално го прикажува развојот на Worms Armageddon, како и музејска временска линија која ја следи историјата на целиот серијал. Овие додатоци нудат длабок увид во креативниот процес и наследството на една од најомилените стратешки игри на сите времиња.

Класична игра со модерни предности

Суштината на играта останува недопрена. Вие и понатаму командувате со тим од откачени црвчиња, користејќи арсенал од над 55 уште пооткачени оружја. Од разорниот земјотрес и тактичкото замрзнување, до иконскиот напад со француска овца, секое оружје нуди уникатен пристап кон уништување на противничкиот тим.

Покрај богат сингл-плеер мод со повеќе од 40 мисии, ќе наидете и на класичен Deathmatch режим. Сепак, вистинскиот сјај на Worms™ отсекогаш бил во мултиплеер модот. Јубилејното издание ги враќа сите омилени функции, вклучувајќи го системот за хендикеп, можноста за создавање сојузнички тимови, комичната Worms Disease и многу други опции кои гарантираат часови и часови непредвидлива забава со пријателите, локално или онлајн.

Како одговор на барањата од заедницата, со најновото ажурирање е додаден и специјалниот Boggy B код (кој може да се активира во менито со опции), кој веднаш ја отклучува целата содржина во играта. нешто што е исклучително добро доколку сакате веднаш да експериментирате со сите можности што ги нуди играта.

Со комбинацијата на верна рекреација на класичното искуство, модерни технички подобрувања и сега, со додавањето на три ретро наслови, Worms Armageddon: Anniversary Edition се позиционира како забавен пакет за секој љубител на серијалот и совршена влезна точка за новите генерации на играчи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk