0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2012

WordPress доминира на листата на 100-те најпопуларни блогови

WordOress е без сомневање најпопуларната платформа за блогирање и за друг вид на сајтови, вели Royal Pingdom чие истражување покажува дека 48 отсто од најпопуларните 100 блогови во светот ја користат оваа платформа, што е 16 отсто зголемување од пред три години. Ова се однесува на сите блогови кои се хостирани од WordPress и кои си имаат независен хост но ја користат платформата, пример IT.com.mk. Претходно, Technorati објави извештај во кој се вели дека дури 51 отсто од сите блогови во светот се на WordPress.

Покрај доминацијата на WordPress, интересни заклучоци од листата се дека Тumlbr и CrowdFusion за прв пат има топ 100 блог, додека Blogger, Drupal, Movable Tpe, TypePad си ги задржуваат позициите. A Expression Engine и Bricolage испаднаа од листата.

Според Pingdom, во последниве три години од претходното истражување власниците на сајтовите станале потаинствени за која платформа користат. Еден администратор одговорил дека има договор во кој му се забранува да коментира за платформата, најверојатно бидејќи платформата е уште еден трик во ракаво за да се има предност пред конкурентите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top