Како се калеше iPad во фабриките на Foxconn

0 коментари 1 мин. читање

Новинарот Роб Шмитц е вториот новинар кој доби пристап во фабриките на Foxconn, кинески производител на iPad таблет компјутерите на Apple кој е опкружен со гласини за лоши работни услови поради кои имаше и самоубиства во фабриката. Неодамна директорот на Apple, Тим Кук ги посети фабриките да се увери во вистинитоста на приказните за лошите работни услови.

Г. Шмитц во своето кратко видео (поопширно ќе прочитате во пишан текст) го прикажува дневните активности на скоро 250.000 работниците околу 18 до 25 години кои доаѓаат од ширум Кина да работат во фабриките. Тие заработуваат околу 14 долари на ден, а по неколку години нивната плата се дуплира.

[youtube]5cL60TYY8oQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед