0 коментари 1 мин. читање

Google далечински ќе ги чисти заразените Android телефони

Затоа Google ќе ja искористи вградената-во-Android контрола за далечински да ги исчисти телефоните без да биде инволвиран корисникот, односно автоматски ќе се симне и инсталира софтвер кој ќе ги избрише заразените апликации.

Според Google, напаѓачите го добиле само IMEI бројот на телефонот и верзијата на Android оперативниот систем. Ранливоста се појавува само кај 2.2.1 Android верзиите, кај поновите верзии таа ранливост е закрпена. Сепак Google вели дека постои можност напаѓачите преку злонамерните апликации да добијат целосна контрола врз телефоните и пристап до други информации.

„Ќе направиме и безбедносна надградба на Android Market за сите заразени уреди што ќе ги спречи напаѓачите да добијат пристап до повеќе детали од заразените уреди.“, вели Google во блог пост кој, интересно, е првиот официјален пост откако се открија злонамерните апликации.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top