0 коментари 1 мин. читање

Windows Store ќе се појави во февруари заедно со Windows 8 beta

Продавницата за Windows апликации ќе стартува во февруари 2012-та година, заедно со Windows 8 beta. Од продавницата ќе можат да се симнуваат апликации за Windows 8 декстоп и за таблет компјутери кои ќе работат на овој редизајниран оперативен систем.

За да ги мотивира програмерите Microsoft им вети поголем процент од конкурентните продавници од продажбата на најпопуларните апликации. Microsoft вели дека продавницата ќе биде достапна глоболна, односно програмерите ќе можат да продаваат апликации во 231 земји на повеќе од 100 јазика. Сите апликации ќе треба да бидат одобрени од Microsoft.

Се очекува ваквите дигитални продавници да ги заменат продажбите на ЦД-а со софтвер бидејќи го нудат истиот софтвер на поефикасен начин. Како што покажаа мобилните продавници, корисниците многу полесно и почесто купуваат апликации кои веднаш, со еден-два клика, можат да ги имаат на својот уред.

Tоа што ќе биде важно за корисниците е што ќе можат да тестираат апликации пред да ги купат.

[youtube]37E3jQIs2AA[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top