0 коментари 1 мин. читање

Flipboard претстави и iPhone апликација

Oмилената iPad апликација на Стив Џобс, Flipboard, сега има и iPhone верзија. Апликацијата е прекрасно визуелно уреден магазин во кој се сместени сите ваши Facebook, Twitter, Instagram и други статуси од други друштвени апликации.

iPhone верзијата на апликацијата ги има скоро исти функционалности како iPad верзијата, освен што е на помал екран, покомпактно дизајнирана и наместо хоризонтално, страните се вртат со вертикални движења. Апликацијата е дизајнирана така да се чита на вертикалниот (portrait) екран на телефонот.

Flipboard за iPhone ги има новиот Cover Sтories интерфејс кој ги прикажува сите најново закачени слики и постирани статуси на друштвените мрежи. Cover Stories ќе се појават наскоро и на iPad верзијата.

Најчесто корисниците го користат Flipoard на iPad кога се дома, наутро или после работа, па оттука доаѓа и потребата да се креира iPhone апликација преку која ќе може да се следат друштвените мрежи додека сте во движење и надвор.

Flipboard ја претстави својата iPhone верзија на oвогодишната Le Web конференција. Видео од презентацијата имате подолу:

[youtube]NEd66ok9DqM[/youtube]

Погледнете како Flipboard изгледа на iPad:

[youtube]iJ_DnDBsR9o[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top