0 коментари 1 мин. читање

Google со редизајниран кориснички интерфејс за таблет компјутери

Google тестира нов кориснички интерфејс за пребарување кој ќе биде наменет за таблет компјутери, открива Digital Inspiration. Новиот кориснички интерфејс го следи новиот естетски тренд кој Google веќе го имплементираше кај Gmail, Google+ и Calendar.

Страничната навигациска лента сега се наоѓа помеѓу полето за пребарување и резултатите, а филтрите се направени како паѓачко мени. Уште една голема промена има во футерот, каде карактеристичното долго лого на Google, кое е составен дел уште од почетокот на Google, го нема повеќе. Наместо тоа, сега има само бројки.

Овој кориснички интерфејс можно е да им се појави на одредени сопствениците на таблет компјутери, не на сите бидејќи сè уште е во тест фаза. Изгледот на новиот кориснички интерфејс можете да го погледнете на сликите подоле.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top