Windows Live Messenger ќе блокира торент линкови

Microsoft реши да ги блокира сите линкови до торент сајтот The Pirate Bay кои ќе бидат испраќани преку нивната алатка за инстант комуникација Windows Live Messenger.

При испраќање на било каков линк од Pirate Bay, Windows Live Messenger ќе ви прикаже порака дека линкот кој се обидувате да го испратите е пријавен како несигурен.

TPB и покрај судењата и легалните проблеми, сеуште е еден од најпосетуваните торент сајтови.

Некои ќе го окарактеризираат овој чин како цензура и нарушување на приватност, некои како заштита на приватноста и мерка за подобра сигурност од вируси, трети ќе играат на карта дека се работи за заштита на интелектуална сопственост… кој е вашиот став за овој потег на Microsoft?

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trickster
trickster
10 years ago

Тука веќе има проблем… ова некако ми изгледа како проба со цел ваквите работи да се уфрлат и во другите сервиси, а дефинитивно втор чекор ќе биде скајп кој нажалост е во нивна сопственост … уште пожалосно е што наместо законски да се регулираат ваквите изнудувчки потези на компаниите најчесто прво се ставаат на тапет потезите на крајните корисници …

Дедо Мраз
Дедо Мраз
10 years ago

Ке ги изгубат и тие малкуте што го користат

Дедо Мраз
Дедо Мраз
10 years ago

Педерски потег од мајкрософт, али и така веке никој не користи мсн.

@gocejonoski
10 years ago

Добар начин на Microsoft да изгуби дел од корисниците :)
….
и зголемување на сервисите за кратење на линкови :)