Windows Blue надоградбата ќе дојде до крајот на годината, вели Microsoft

Windows Blue и официјално доаѓа оваа година, најави Microsoft. Надградбата ќе се фокусира на барањата на (во моментот 100 милиони) корисниците на Windows 8 и Windows RT.

„Windows 8 е голема и амбициозна промена. Ние сфаќаме дека за промена е
потребно време, убедени сме дека одиме во вистинска насока со напредокот од лансирањето, екосистемот и реакцијата на корисниците.“, вели Тами Релер oд Microsoft.

Иако изгледаше интересно, речиси е извесно дека надградбата ќе го промени името од Windows Blue во Windows 8.1 откако ќе биде достапна за корисниците. Покрај Start копчето и boot-to-desktop, дел од надградбата ќе биде наменет за таблет компјутерите, па фокусот ќе биде на искористувањето на батеријата, подобрување на перформансите, но и во насока на подобрување на екосистемот за Windows RT и Windows Pro таблетите. Во оваа насока е и постојаното додавање на апликации чии број е шест пати поголем од почетокот. До сега се симнати над 250 милиони апликации.

„PC-то е жива и се почесто преносна платформа. Тоа е дел од многу поголем пазар за таблет комјутери и PC. Windows 8 е направен со предвид и можност да учествува на овој пазар. Пазарот еволуира и собира се повеќе хибридни и лаптопи со екрани на допир. Овие нови уреди го „рестартираат“ пазарот, а сега се подостани од било кога.“

Microsoft не испушти да се пофали дека Windows 8 ја надмина бројката од 100 милиони лиценци. Во бројката се вклучени и надградбите од „7-цата“, но и новите уреди кои се продаваат со овој OS. Покрај ова во пораст е и бројот на уреди кои се изработуваат да работата на Windows 8. Нивниот број сега е 2.400 уреди. Целата приказна зад екосистемот на Microsoft е базирана на “Microsоft account“, а бројот на корисници сега е 700 милиони.

Сепак останува нејасно дали ќе излезе „тест“ верзија која беше предвидена за јуни, или ќе мора да почекаме до официјалната верзија. Што се однесува до датата на објавување шпекулациите се движат од лето 2013 до празниците 2013 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk