Windows Azure Web Sites и Windows Azure Mobile Service отсега ќе им бидат достапни на сите развивачи

во Софтвер

Microsoft објави дека Windows Azure Web Sites и Windows Azure Mobile Service отсега ќе им бидат достапни на сите развивачи кои сакаат да ги користат. Услугите се поддршка и развојни алатки за Azure-облакот.

Azure Mobile Service овозможува простор на Azure облакот за Windows Phone, iOS и Android апликациите. Покрај ова девелоперите ќе можат да го користат облакот за авторизација и известувања на своите корисници. Услугата ќе обезбеди и SDK за Windows Store, Windows Phone, Android, iOS и HTML5. Azure Web Sites овозможува развој на веб страни и веб апликации на облакот на Microsoft. Изборот на платформа е оставен на развивачите можат да го користат Azure Management Portal но и било којa најмногу им се допаѓа. Доколку се одлучат за Azure Web Sites корисниците ќе можат да го користат сервисот за изработка на скалабилни веб страни.

Microsoft вели дека 20.000 корисници веќе ги користат Azure Mobile Services, а дури над 130.000 веб апликации се изработени додека Azure Web Sites беше во тест (preview ) фаза.

Како и останатите известувања од Microsoft и ова доаѓа од конференцијата за развивачи BUILD која се одржува во Сан Франциско. Сервисите доаѓа во три нивоа: бесплатно, стандардно и премиум, доколку сте заинтересирани Microsoft нуди бесплатна услуга на Mobile Services до 1 август.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments