0 коментари 2 мин. читање 18 април, 2012

Windows 8 Metro апликациите ќе бидат суспендирани доколку не се користат во моментот

Microsoft ја објасни работата на Metro апликациите кои ќе бидат „суспендирани“ додека се оставени во позадина, и потоа да продолжат со работа од каде што застанале, oвозможувајќи му така на процесорот да се посвети на апликациите кои се користат.

Овој менаџмент на Metro апликациите, достапни преку Windows Store продавницата која ќе биде интегрирана со секој Windows 8, ќе им дозволи на корисниците да користат голем број апликации истовремено и да продолжат веднаш од кај што застанале, како што може да се види од видеото подолу.

За да го овозможат ваквото користење на апликации, без користење на премногу меморија, Microsoft креираше метод кој го препишува целата сесија од апликацијата на диск наместо во меморијата. Овој процес е налик на хибернацијата која ја има на лаптоп компјутерите, но поефикасно оптимизиран.

Според Microsoft, повторното стартување на апликации ќе биде брзо, но ќе зависи од брзината на дискот, можта на процесорот и големината на апликациите.

[youtube]QqPVOVqQY7U[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top