0 коментари 1 мин. читање 19 јули, 2012

Windows 8 ќе биде достапен од 26 октомври

Знаевме дека новиот оперативен систем ќе се појави во октомври, но сега Microsoft ни го откри и точниот датум. Windows 8 ќе биде достапен за купување и надградби на 26 октомври на 109 јазика во 231 земји.

Ова значи дека по октомври ќе го видиме новиот редизајн оперативен систем на PC-ја, но и на нови и интересни таблет компјутери кои ќе работат на чипови од Intel, AMD и ARM. Windows 8 има Metro интерфејс кој е дизајниран да може да се користи со допир со апликации на цел екран.

Според Microsoft, Windows 8 е „најважниот редизајн на оперативниот систем по цела декада“. Несомнено е дека ќе биде успешен бидејќи Windows е поим за оперативен систем за поголемиот дел на корисници, но ќе биде интересно да се види како ќе реагираат на промените.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top