Windows 8 Consumer Preview e достапен за симнување

Ако ве привлече целокупниот редизајн на Windows 8 , со новиот Metro изглед кој несомнено се стреми кон минималност и функционалност, тогаш почнете да ја симнувате ISO датотеката на Windows 8 Consumer Preview од тука.

Ако имате постара конфигурација и не сте сигурни дали вашиот компјутер ќе го издржи најновиот оперативен систем на Microsoft, тогаш симнете ја оваа мала апликација што ќе ви каже дали ќе можете да го разгледате Windows 8.

Од Microsoft објаснуваат дека ова е сè уште рана верзија на нивниот оперативен систем, и дека финалната верзија може да биде многу изменета. Минималната конфигурација што ви е потребна е процесор со барем 1ghz, еден гигабајт RAM меморија за 32-bit Windows 8, 16 гигабајти на вашиот hard disk и графичка карта компатибилна со DirectX 9.

Со тоа што ова е најнов оперативен систем на Microsoft, минималната конфигурација е доста скромна, што можеби се должи на минималниот кориснички интерфејс Metro кој не се занимава со толку визуелни ефекти и занимации, туку става акцент на ефективност.

Разгледајте ја новата верзија на Windows и коментирајте овде за вашето целокупно искуство.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
MacBook
MacBook
10 years ago

Blah.. Ne e losh, no sepak, OS X si e OS X.. Ako nekoj znae kako moze iSight da sredam na Win8, super bi bilo…

bla
bla
10 years ago

dzinovski android :)

Kosta Dinev
Kosta Dinev
10 years ago

Одамна пробано . Одличен оперативен систем.Стабилен среден а сеуште е preview фаза. Дизајнот е прекрасен и лесен за навигација

Damjan Cvetkov-Dimitrov
Reply to  Kosta Dinev

едвај чекам да го користам за работа да видам како иде. Никогаш не сум бил фан на windows али овој пат можно е дефинитивно да станам :]

види ги сите огласи на kariera.it.mk